Режисер Столе Попов2020-04-10T04:23:53+00:00

МАГИЈАТА

на Маестро

А возовите, во филмовите на Столе Попов, патуваат – заминуваат, се враќаат, се движат како нитки што метафорички ги поврзуваат човековите надежи, желби, радости, но и апсурдите на човековото битисување вчера, денес… дали и утре?

Во незаборавните 60-ти, 70-ти и 80-ти години од минатиот век во уметноста на екс-ју просторот се сонуваше и се создаваше нешто што се подведува под поимите слобода на мислата, демократија… Беа создадени исклучителни дела во сите области на творештвото. Нови автори, нов сензибилитет, слободарски идеи… Но, имаше и контрапункт – на политички план, се разбира! Некои, пак, сонуваа војни, геноциди, крвопролевања…Раните останаа. Но останаа и уметничките дела како неми сведоци на едно подоцнежно (90-тите) „налудничаво” до апсурд доведено време…
Уште со своите први филмови (оние од Академијата за филм во Белград) беше јасно дека ефектуираната способност на Столе Попов за таканареченото „филмско размислување” во иднина ќе се најде пред бројни творечки предизвици. Така и бидна!И еве, уште на почеток, сакам да ги дефинирам нештата што го отсликуваат авторот – маестрото Попов: тој во приодот кон своите дела, но и кон гледачот/консументот на неговите дела, целосно е ориентиран кон тоа да го пронајде најсоодветниот метод кој потоа ќе му послужи како ефектен трансфер за духовниот живот на своите јунаци и на идејната суштина на делата
  • Црвениот Коњ
  • Среќна Нова ’49
  • Тетовирање
  • Gypsy Magic
  • До Балчак
  • Дрвниот Комбинат “Треска“
  • Алкалоид
  • Австралија, Австралија
  • Дае
  • Оган
Сан Себастијан, Монтреал, Монтпелие, Пула, Сан Франциско, Лос Анџелес, Мадрид, Минхен, Каиро, Рио Де Жанеиро, Стокхолм, Оберхаузен, Белград, Мелбурн, Порто Алегре, Измир, Порто Рико, Москва, Валенсија, Брисел, Малме, Хонг Конг, Будимпешта, Лондон, Берлин, Херцег Нови, Виена, Лил, Штутгарт, Ванкувер, Упсала …
Добитник е на повеќе од 50 врвни европски и светски филмски награди и признанија, од кои посебно се издвојуваат 8-те гран прија на разни фестивали и двете номинации за „Оскар“ на Американската, и „Феликс“, на Европската филмска академија.
“Филмски режисер со стил и визија”
Рон Холовеј, Холивудски репортер, САД

Со текот на годините луѓето зборуваа за него. Да видиме што некои имаат да кажат?

“„Длабоко сум трогнат од СРЕЌНА НОВА ‘49. Режисерот маестрално води одлични актери. Ова е апсолутно импресивно достигнување…“”
Милош Форман, САД, Вјесник, Загреб, Movie Director, USA

Филмовите кои имаат фуриозен карактер и кои се врзани за човековите страсти

Živojin Pavlović, Интервју, Белград
“Филмски режисер со стил и визија”
Рон Холовеј, САД

Номинација за Оскар

Столе Попов беше номиниран за наградата “Оскар“ на Американската Филмска Академија за Најдобар краткометражен документарен филм со филмот “Дае“ (1979).

Во 1992 “Тетовирање” беше номиниран за наградата “Феликс“ на Европската Филмска Академија за најдобар игран филм и се пласира меѓу седумте финалисти.

Номинација на Европската Филмска Академија

НОМИНАЦИЈА НА ЕВРОПСКАТА ФИЛМСКА АКАДЕМИЈА 1992

ТЕТОВИРАЊЕ -, 1991

Исто толку драматична полемика на меѓународната фестивалска сцена во 1991 година беше и филмот “Тетовирање“ на Столе Попов, првиот игран филм кој го носи знамето на новосоздадената држава Република Македонија. Приказната за кантеларната, но симпатична индивидуа која се наоѓа во затвор од апсурдни причини, а потоа умира како жртва на полициска бруталност, Тетовирање прикажа уште еден извонреден актерски перформанс на глумецот Мето Јовановски како „губитникот“ Илија и беше вид на навремено социокритички филмски документ што допринесува за едно демократско општество.

Повеќе…
ДО БАЛЧАК | ПРИКАЗНА ЗА ДИВИОТ ИСТОК |

Игран филм во режија на Столе Попов

Дејствието се случува во првата декада од 20 век. Филмот е сурова, но романтична љубовна приказна во која вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност е видена од агол на строга индивидуалност, лишена од било каква идеологизација. Ова е филм за дијалектичката средба на митското со антимитското, филм во кој се среќаваат легендите и раскажувањата со реалната стварност на суровиот живот, низ македонската историја исполнет со супер историски апсурди.
Во филмот играат актерите: Инти Шрај, Сашко Коцев, Мартин Јорданоски, Тони Михајловски, Сенко Велинов, Мики Манојловиќ, Никола Којо, Јовица Михајловски, Искра Ветерова, Јордан Симонов, Драган Спасов, Никола Ристановски, Гораст Цветковски, Ана Костовска, Владо Јовановски, Камка Тоциновски, Билјана Јовановска и др.

Дознај повеќе

Блог

Дигитално издание на филмовите на Столе Попов

февруари 25th, 2014|Творештво|

На Меѓународниот ден за заштита на аудиовизуелното наследство, 27 октомври, Кинотеката на Македонија  ја промовира ДВД едицијата со [...]