А возовите, во филмовите на Столе Попов, патуваат – заминуваат, се враќаат, се движат како нитки што метафорички ги поврзуваат човековите надежи, желби, радости, но и апсурдите на човековото битисување вчера, денес… дали и утре?

Во незаборавните 60-ти, 70-ти и 80-ти години од минатиот век во уметноста на екс-ју просторот се сонуваше и се создаваше нешто што се подведува под поимите слобода на мислата, демократија… Беа создадени исклучителни дела во сите области на творештвото. Нови автори, нов сензибилитет, слободарски идеи… Но, имаше и контрапункт – на политички план, се разбира! Некои, пак, сонуваа војни, геноциди, крвопролевања…Раните останаа. Но останаа и уметничките дела како неми сведоци на едно подоцнежно (90-тите) „налудничаво” до апсурд доведено време…
Уште со своите први филмови (оние од Академијата за филм во Белград) беше јасно дека ефектуираната способност на Столе Попов за таканареченото „филмско размислување” во иднина ќе се најде пред бројни творечки предизвици. Така и бидна!И еве, уште на почеток, сакам да ги дефинирам нештата што го отсликуваат авторот – маестрото Попов: тој во приодот кон своите дела, но и кон гледачот/консументот на неговите дела, целосно е ориентиран кон тоа да го пронајде најсоодветниот метод кој потоа ќе му послужи како ефектен трансфер за духовниот живот на своите јунаци и на идејната суштина на делата

-Кинотека – Р.Македонија-

Играни Филмови
Документарни филмови
Интернационални филмски фестивали
Награди

До Балчак| To the Hilt | Погледајте го официјалниот трејлер од филмот

Нов игран филм од режисерот Столе Попов

Дејствието се случува во првата декада од 20 век. Филмот е сурова, но романтична љубовна приказна во која вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност е видена од агол на строга индивидуалност, лишена од било каква идеологизација. Ова е филм за дијалектичката средба на митското со антимитското, филм во кој се среќаваат легендите и раскажувањата со реалната стварност на суровиот живот, низ македонската историја исполнет со супер историски апсурди.
Во филмот ќе играат актерите: Инти Шрај, Сашко Коцев, Мартин Јорданоски, Тони Михајловски, Сенко Велинов, Мики Манојловиќ, Никола Којо, Јовица Михајловски, Искра Ветерова, Јордан Симонов, Драган Спасов, Никола Ристановски, Гораст Цветковски, Ана Костовска, Владо Јовановски, Камка Тоциновски, Билјана Јовановска и др.
дознај повеќе
To the Hilt, a Мacedonian story, До Балчак филм од Столе Попов

Со текот на годините луѓето зборуваа за него. Да видиме што некои имаат да кажат?

“Столе Попов цврсто се воспостави како еден од водечките филмски автори на Балканот.“
Јасмин Дураковиќ, Ослобођење, Сараево
“Метафора за Балканот! Мала Македонија, огромна шлаканица!“
Жерар Мајен, Монтпелије
“Илко…Изведба достојна за Оскар .“
Милан Влајчиќ, Политика, Белград