На Меѓународниот ден за заштита на аудиовизуелното наследство, 27 октомври, Кинотеката на Македонија  ја промовира ДВД едицијата со седум дигитално реставрирани  четири долгометражни играни и три документарни филмoви на нашиот реномиран и во светски рамки афирмиран режисер, Столе Попов проследен со соодветно ДВД-издание.

Дигиталната реставрација на филмскиот опус  на режисерот кој оставил длабоки траги за себе  е извонредно значајна придобивка за македонската култура. Во проектот се опфатени  играните филмови ЦРВЕНИОТ КОЊ, СРЕЌНА НОВА ‘49, ТЕТОВИРАЊЕ и GIPSY MAGIC, и документарните филмови ОГАН, АВСТРАЛИЈА, АВСТРАЛИЈА и ДАЕ.
Согласно програмските цели на Кинотеката на Македонија дигитализацијата на македонската филмска продукција ќе продолжи да се реализира како долгорочен проект на дигитална реставрација на нашето аудиовизуелно наследство со којшто ќе се обезбеди полесен пристап до аудиовизуелните збирки за корисниците, а воедно и зачувување на аналогните носачи што е многу значајно за аудиовизуелното културно наследство како артефакт
Има и ексклузивно издание ДиГи- пакет каде се ставени петте ДВД-а со сите седум реставрирани филмови од режисерот Попов и буклет во кој се содржани податоци за филмот, осврт и критички текст за творештвото на Попов, истакнува директорката на Кинотеката на Македонија-  Ѓоргоска-Илиеска.

 

Cover Design Ladislav Cvetkovski