Документарни

Документарен филм од Столе Попов за Австралија
Permalink Документарен филм од Столе Попов за АвстралијаGallery

Австралија, Австралија

Австралија, Австралија

Филмот го одразува животот на македонските иселеници и печалбари во Австралија. Со нивното заминување во далечната земја, во туѓина, некои од нив успешно се социјализираат, а некои, пак, постојано остануваат со дилемата за своето враќање. Преку личните, автентични сведоштва и метафоричната дескрипција на севкупниот живот во новото опкружување, изразена со мозаични филмски експресии, филмот […]

Оган Краткометражен документарен филм на Столе Попов
Permalink Оган Краткометражен документарен филм на Столе ПоповGallery

Оган

Оган

Филмот претставува апотеоза на човековото знаење и способноста во процесот на работата да ја потчини и насочи огнената стихија. Атрактивните секвенци, кои речиси може да се почувствуваат, во кои при огромна температура на сите страни летаат искри, на филмот му даваaт дополнителна поетска длабочина, за што, впрочем, покрај режисерот и сценарист Столе Попов, заслужен […]

ДАЕ

ДАЕ е филм во кој на поетски начин се портретира животот на едни од последните Роми-номади. Тој изобилува со многустрана иконографија како извор на инкарнација на романтичното разбирање на животот без огради. Оваа поетска визија за животот на последните номади е снимена во автентичниот амбиент на чергарската населба спроти празнувањето на најголемиот ромски празник. […]