Project Description

Документарен филм за Македонците во Австралија

Филмот го одразува животот на македонските иселеници и печалбари во Австралија. Со нивното заминување во далечната земја, во туѓина, некои од нив успешно се социјализираат, а некои, пак, постојано остануваат со дилемата за своето враќање. Преку личните, автентични сведоштва и метафоричната дескрипција на севкупниот живот во новото опкружување, изразена со мозаични филмски експресии, филмот допира многу болни точки од животот на печалбарите: макотрпната работа, едукацијата на нивните деца, носталгијата по родната земја и улогата на црквата како единствена врска со неа, црковните свечености какви што се крштавките и венчавките, но и смртта како неизбежен дел од човековото битисување.

Сепак, веројатно, најголемата вредност на филмот е во начинот на кој режисерот, во манир на голем документарист, го систематизира обемниот материјал и ја раскажува филмската приказна преку контрапунктирање на македонската традиција и австралиската реалност.

1976

Австралија, Австралија

Година на производство: 1976
Вид: долгометражен документарен филм
Техника: вајдскрин
Колор, со звук, 16 мм. и 35 мм.
Должина: 2.860 мет.
Времетраење: 82 мин.
Производство: „Вардар филм“ – Скопје
Режија: Столе Попов
Сценарио: Божин Павловски
Снимател: Бранко Михајловски
Монтажа: Димитар Грбевски
Музика: Ристо Аврамовски
Тон: Глигор Паковски
Монтажа на тон: Глигор Паковски
Организатор на снимање: Ристо – Риџвеј Теофиловски

Награди и признанија

1976 ФЈДКФ, Белград, Гранд При „Голем златен медал“ за Столе Попов
1976 ФФ, Тузла, Награда од публиката
1976 Годишна награда од списанието „Млад борец“
1976 Југословенски кандидат за Оскар
1976 13-Ноемвриска награда за тонската обработка на Глигор Паковски

Погледни на Youtube

Овде можете да го погледнете инсерт од документарниот филм “Австралија, Австралија“ од режисерот Столе Попов. Ова е новата дигитална верзија која беше издадена во чест на “Светскиот Ден на Аудиовизуелното Наследство“ од страна на Македонска Кинотека и е дел од ДВД колекцијата од седумте дигитално реставрирани филмови на нашиот еминентен режисер Столе Попов. За оваа луксузна колекција на документарните и играните филмови на Столе Попов можете да прочитате овде.