Project Description

Документарен филм

ДАЕ е филм во кој на поетски начин се портретира животот на едни од последните Роми-номади. Тој изобилува со многустрана иконографија како извор на инкарнација на романтичното разбирање на животот без огради. Оваа поетска визија за животот на последните номади е снимена во автентичниот амбиент на чергарската населба спроти празнувањето на најголемиот ромски празник. Како атавистички обележја на нивните верувања, во кои спаѓа и ритуалното капење како симболично пречистување и причест на душата и телото, мистеријата на раѓањето и дочекувањето на новиот живот, па сè до желбата за живот без стеги, презентирана низ метафората на бесниот галоп на коњите, тие атакуваат врз сетилата на гледачот и не го оставаат рамнодушен по гледањето на филмот.
Краток опис
Година на производство: 1979
Вид: документарен филм
Техника: стандард
Колор, со звук, 35 мм.
Должина: 460 мет.
Времетраење: 16 мин.
Производство: „Вардар филм“ – Скопје
Режија: Столе Попов
Сценарио: Анте Поповски
Снимател: Мишо Самоиловски
Монтажа: Димитар Грбевски
Тон: Глигор Паковски
Монтажа на тон: Глигор Паковски
Асистент снимател: Владимир Самоиловски
Избор на музика: Столе Попов
Организатор на снимање: Ристо – Риџвеј Теофиловски
Награди

Watch on Youtube

Овде можете да го погледнете целиот документарен филм “Оган“ од режисерот Столе Попов. Ова е новата дигитална верзија која беше издадена во чест на “Светскиот Ден на Аудиовизуелното Наследство“ од страна на Македонска Кинотека и е дел од ДВД колекцијата од седумте дигитално реставрирани филмови на нашиот еминентен режисер Столе Попов. За оваа луксузна колекција на документарните и играните филмови на Столе Попов можете да прочитате овде.