Project Description

“До Балчак“ -”To the Hilt(A Macedonian Story)”

Приказна од дивиот исток. Македонија, мала земја во срцето на Балканот. Петстотини години под турско ропство. Дејствието во филмот До Балчак се случува во првата декада од XX век. “ До Балчак “ е сурова но романтична љубовна приказна во која вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност е видена од агол на строга индивидуалност, лишена од било каква идеологизација. Слободата, правдата, љубовта, среќата, жртвувањата и предавствата се доживеани низ катарзични емоции што допираат „до балчак”. Поточно, се е во знак на типичниот парадокс издигнат до ниво на проверената балканска филозофска максима: „Ебати животот ако не си спремен да умреш за негo”. Нешто што без никакви претензии би можеле да го наречеме „македонски допир”. Нешто вознемирувачко а мирно, ,грдо а убаво, грубо а нежно, темно а просветлено, сурово но поетично. Додека Холивуд ја дигитализира виртуелната „стварност” спуштајќи се длабоко во океаните или качувајќи се високо во вселената, ние Балканците сеуште се качуваме до висините на утопискиот идеал – Слободата или се спуштаме до крајната длабочина на човечката душа – Смртта. Антиподите на моето синеастичко раѓање се движат „до коска” на релацијата „Слобода или Смрт”. Сонувајќи за недопирливиот идеал на слободата, историски потврден како вечна слатка илузија на човековиот род, постојано чекориме рака под рака со смртта, со која, зошто да не, можеби и започнува вистинската слобода како посакувана, се уште непотврдена вест. Обичниот човек насекаде во светот, потиснат од насилство и неправди постојано сонувал и сонува за подобар свет. Живееме во високо технолошка ера каде навидум се е потполно различно, а во суштина се е фрапантно исто. Историјата постојано циклично се преповторува, минатото станува апсолутно актуелно и зачудувачки препознатливо и во денешни денови. Империите се создаваат и се распаѓаат, идеологиите се креираат и се менуваат, големите си поигруваат со малите, силните ги толчат слабите, сила бога не моли, но буните, востанијата и револуциите отсекогаш ги имало и повторно ќе ги има. Исконското чувство за слобода е неуништливо и го движи светот напред. Филмот “ До Балчак “ е филм за дијалектичката средба на митското со антимитското, филм во којшто се среќаваат легендите и раскажувањата со реалната стварност на суровиот живот, низ македонската историја исполнет со супер историски апсурди. Антивестерн, пандан на традиционалниот Амerican Western или нешто што слободно би можеле да го наречеме Маcedonian Eastern, филм што излегува од просторот на кој од памтивек се среќаваат и судираат западната и источната цивилизација..

СТОЛЕ ПОПОВ

Краток опис

Година: 2014
Категорија: Драма, акција, историја
Колор : Color
Звук: Dolby Digital
Време траење: 165min.
Режија & Ко-Сценарист: Столе Попов
Сценарио: Горан Стефановски
Директор на Фотографија:Апостол Трпески
Музика: Дуке Бојаџиев
Монтажа: Атанас Георгиев, Благоја Неделковски
Дизајн на продукција: Миленко Јеремиќ
Костимографија: Емилија Ивановска
Продуценти:
Данчо Чеврески
Миливое Ѓорѓевиќ
Продукција: TRIANGLE FILM
Ко-продукција:
„Fx3x“
Sector Film
Официјална веб страница:: www.stolepopov.com

Улоги

Тереза Инти Шрај
Крсто Сашко Коцев
Фиља Мартин Јордановски
Музафер Тони Михајловски
Ана Искра Ветерова
Боро Сенко Велинов
Богдан Мики Манојловиќ
Агент Никола Којо
Цветко Никола Ристановски
Шише Драган Спасов-Дац
Кавал Гораст Цветковски

 

Martin Jordanovski, Init Sraj, Sasko Kocev

Погледнете го официјалниот трејлер

Фотогалерија

Слушнете ја “Tango to the Hilt” (Дики Бојаџиев)