Project Description

” Среќна Нова’49 – игран филм

Happy New '49 YearПо успехот со својот игран првенец „Црвениот коњ“, Столе Попов со исклучителна творечка енергија и производствен ангажман ќе пристапи кон реализацијата на филмот „Среќна нова ‘49“, според драмскиот текст на Гордан Михиќ.
Филмот во својата визуелна основа ни ја претставува атмосферата во едно семејство, кое поставено во таквите историски услови не се осипува, туку се присобира околу еден прстен на злото наметнат од времето и од неразбирливите ситуации што тоа време ги манифестира. Сепак, основната тема на филмот е донесувањето на Резолуцијата на Информбирото и реперкусиите предизвикани од неа во нашата општествена средина. Така, ова семејство претставува типична, и за тоа време просечна општествена клетка, чија трагична судбина, исто така, е карактеристична за тие историски денови. Дали идеолошката репресија е виновникот за уништувањето на некои од најдлабоките човечки чувства?
Режисерот Столе Попов во сите изразни сегменти од филмот успева да постигне една исклучителна хармонија во нивното поврзување, што неизбежно ќе резултира со едно естетски функционално содејство меѓу сите нив. Забележливо е дека фокусот на дејството е ставен врз актерите, а нивниот избор, навистина, е направен со несекојдневна авторска грижа. Тројцата главни протагонисти ги толкуваат: Мето Јовановски, Владица Милосавлевиќ и Светозар Цветковиќ; потоа, тука се и: Ацо Ѓорчев, Милица Стојанова, Синоличка Трпкова, Душко Костовски, Петар Арсовски, Гоце Тодоровски, Иван Беќарев, Младен Крстевски, Мите Грозданов.
Вонредно успешен придонес за стилскиот план на филмот даваат и камерата на маестрото Мишо Самоиловски, сценографијата на Никола Лазаревски, костимографијата на Јасминка Јешиќ, монтажата на Лаки Чемчев и музичката придружба на композиторот Љупчо Константинов

Краток опис

Година на производство: 1986
Род: игран филм
Жанр: психолошки
Техника: вајдскрин
Колор, со звук, 35 мм.
Должина: 3.500 мет.
Времетраење: 125 мин.
Производство: „Вардар филм“ – Скопје, „Македонија филм“ – Скопје, „Градски кина“ – Скопје, „Унион филм“ – Белград
Режија: Столе Попов
Сценарио: Гордан Михиќ
Директор на фотографија: Мишо Самоиловски
Монтажа: Вангел – Лаки Чемчев
Главни улоги: Мето Јовановски, Светозар Цветковиќ, Владица Милосављевиќ, Александар – Ацо Ѓорчев, Синоличка Трпкова, Кире Симоновски, Петар Арсовски, Мите Грозданов, Душко Костовски, Милица Стојанова, Гоце Тодоровски.
Музика: Љупчо Константинов
Сценографија: Никола Лазаревски
Костимографија: Јасминка Јешиќ
Тон: Јордан Јаневски
Светло: Петар Богоевски
Директор на филм: Панта Мижимаков

награди и признанија

  • 1986 ФЈИФ, Пула, Гран при, Голема златна арена за најдобар филм за Столе Попов
  • 1986 ФЈИФ, Пула, Гран при, Голема златна арена за најдобар филм за „Вардар филм“
  • 1986 ФЈИФ, Пула, Златна арена за најдобро сценарио на Гордан Михиќ
  • 1986ФЈИФ, Пула, Златна арена за најдобра споредна машка улога на Душко Костовскиi
  • 1986 ФЈИФ, Пула, Златна арена за најдобра музика на Љупчо Константинов
  • 1986 ФЈИФ, Пула, Златна арена за најдобра маска на Радмила Иватовиќ
  • 1986 ФЈИФ, Пула, Награда „Милтон Манаки“ од југословенската филмска критика за Столе Попов
  • 1986ФЈИФ, Пула, „Златен гладијатор“, награда на југословенската филмска академија за Столе Попов
  • 1986ФЈИФ, Пула, „Златен гладијатор“, награда на југословенската филмска академија за Столе Попов
  • 1986 ФФ, Ниш, Гран при „Ќеле кула“ за најдобро актерско остварување за Мето Јовановски
  • 1986 ФФ, Ниш, Голема повелба за женска улога на Владица Милосављевиќ
  • 1986 ФФ, Ниш, Повелба за машка улога на Светозар Цветковиќ
  • 1986 ФФ, Ниш, Најдобар актер натуршчик за Кире Симоновски
  • 1986 ФФ, Врњачка бања, Голем златен дукат за најдобро сценарио за Гордан Михиќ
  • 1986 ФФ, Врњачка бања, „Златник“ за актерот Ацо Ѓорчев
  • 1986 ФФ „Милтон Манаки“, Битола, Златна плакета „Милтон Манаки“ за Мишо Самоиловски
  • 1986 ФФ, Младеновац, Златна плакета за сценографија за Никола Лазаревски
  • 1986 ФФ, Младеновац, Сребрена плакета за костими за Јасминка Јешиќ
  • 1986 ФФ, Младеновац, Бронзена плакета за музика за Љупчо Константинов
  • 1986 „Ослобоѓење“, Сараево, Најдобар југословенски филм на годината
  • 1986 Годишна награда „Златна клапа” од ревијата „ТВ Новости“ за Мето Јовановски
  • 1986 Југословенски кандидат за Оскар
  • 1986 Повелба на културата на Македонија
  • 1987 13 Ноемвриска награда за Столе Попов
  • 1991 МФФ, Порто Алегре (Бразил), Гран при, Прва награда од публиката
  • 1993 Виена, Збогом Југославија – Виенале ‘93, Антологија од 33 филма
    ФЕСТ Белград, Антологија на Средноевропски Филм – Саша Петровиќ

Што рекле за филмот

„Длабоко сум трогнат од СРЕЌНА НОВА ‘49. Режисерот маестрално води одлични актери. Ова е апсолутно импресивно достигнување…“
Milosh Forman, Vjesnik, Zagreb
„СРЕЌНА НОВА ’49 е моќна љубовна приказна која ја истражува лојалноста во лоши времиња. Претставува сурова, обесхрабрувачка приказна обоена со самоубиство, насилство, измама и тага…
Нема ништо црно и бело во визуелизацијата на Попов на овој период од југословенската историја… Иако е долг над два часа, филмот – неочекувано – никогаш не забавува…“
Variety, USA
„Го ценам Столе Попов, кој, според мене, е на самиот врв на авторски режисери не само во Македонија или на Балканот туку со сигурност и во Европа.“
Светозар Цветковиќ, Дневник, Скопје
Останати критики за Среќна Нова ’49

Погледај на Youtube

Фотографии од филмот