Project Description

“Тетовирање“ – игран филм

red horse the movie by Stole Popov, macedoniaКако основа за филмот послужи текстот на писателот Мирко Ковач, а неговата финална структура ја направија заеднички режисерот Столе Попов и белградскиот синеаст Живоин Павловиќ.
Режисерот Столе Попов во овој филм го остава настрана предложениот сценаристички преттекст и се обидува да направи посебна визуелна структура, каде што апсурдното ќе го најде својот изразен простор. Во „Тетовирање“, егзистенцијалните, односно судбинските проблеми и прашања, се судираат со проблемите на човековата вера, којашто не мора нужно да биде религиозен чин, и тие проблеми го доведуваат јунакот до една етичка конфронтација со себе, но и со другите.
Режисерската постапка на места е строго реалистичка, на места дури и со натуралистички навеви, но сите тие елементи само помагаат да се ослободи онаа вистинска драмска енергија што ова дело, без сомнение, ја содржи во голема мера. Целиот актерски ансамбл во сценско-актерска смисла, максимално се соживува со атмосферата на затворот. Овде ја истакнуваме, пред сè, брилијантната ролја на Мето Јовановски, кој всушност за цело време стои како стожерна актерска фигура на тој ансамбл. Потоа тука се и: Кирил Поп Христов, Данчо Чевревски, Светозар Цветковиќ, Стево Спасовски, Благоја Чоревски, Столе Аранѓеловиќ, Петар Арсовски, Јовица Михајловски, Лилјана Меѓеши, Заим Музаферија, Кирил Ристовски, Младен Крстевски, Александар Чамински, Шишман Ангеловски, Ванчо Петрушевски итн…
Снимателот на филмот Мишо Самоиловски успева да постигне максимална функционалност на секој кадар, а тоа истото важи и за сценографијата на Никола Лазаревски.

Краток опис

Година на производство: 1991
Род: игран филм
Жанр: драма
Техника: стандард
Колор, со звук, 35 мм.
Должина: 3.580 мет.
Времетраење: 128 мин.
Производство: „Вардар филм“ – Скопје, Македонска Радио Телевизија
Режија: Столе Попов
Сценарио: Мирко Ковач
Соработници на сценариото: Живоин Павловиќ; Столе Попов
Директор на фотографија: Мишо Самоиловски
Снимател: Владимир Самоиловски
Монтажа: Вангел – Лаки Чемчев
Главни улоги: Мето Јовановски, Кирил Поп-Христов, Светозар Цветковиќ, Љиљана Меѓеши, Столе Аранѓеловиќ, Јовица Михајловски, Данчо Чевревски, Зоран Цвијановиќ, Александар Чамински
Музика: Љупчо Константинов
Сценографија: Владислав Лашиќ
Костимографија: Светлана Цвијановиќ
Тон: Јордан Јаневски
Светло: Петар Богоевски, Милосав Крстевски – Ага
Директор на филм: Панта Мижимаков

Награди

  • 1991 ФФ, Херцег Нови, Гранд При, Прва награда „Златна мимоза“ за режија на Столе Попов
  • 1991 ФФ, Ниш, Гранд При за улогата на Мето Јовановски
  • 1991ФФ, Врњачка Бања, Втора награда за сценарио на Мирко Ковач
  • 1991 ФФ „Милтон Манаки“, Битола, Сребрена плакета „Милтон Манаки“ за снимателот Мишо Самоиловски
  • 1991Филмско лице на годината за Мето Јовановски според ревијата „Екран“
  • 1991 Номинација за наградата Феликс , Европска Филмска Академија -најдобри 7 (награда соодветна на Американскиот „Оскар“
  • 1992 Македонски кандидат за Оскар
  • 1993 Виена, Збогом Југославија – Виенале ’93, Антологија од 33 филма

Шти рекле за филмот

„Во ТЕТОВИРАЊЕ, сместен во време на падот на комунизмот во Југославија, Попов користи затвор за да ја прикаже состојбата на општеството. Филмот го прикажува ‘беспрекорното’ функционирање на апсурдот на репресијата и насилството.“
TIME, New York

„Попов ја води оваа брутална приказна за социјална репресија, зло и садизам меѓу луѓето во за него карактеристичен стил. Во исто време, тој се докажува себеси како врвен мајстор за конфликти и насилство… Со овој филм Столе Попов цврсто се воспостави како еден од водечките филмски автори на Балканот.“
Јасмин Дураковиќ, Ослобођење, Сараево

Останатите критики за Тетовирање
Tattoo, Meto Jovanovski, Kiril Pop Hristov

Погледни на Youtube

Една од најдобрите сцени од филмот “Тетовирање“ одбрана од режисерот на филмот Столе Попов

Фотографии од филмот