Project Description

The movie “Gipsy Magic”

Џипси Маџик филм од Столе ПоповПримарниот впечаток е дека во овој филм е направен обид да се прикаже вистинската положба на Ромите, кај кои материјалната беда стои веднаш наспроти психолошката слобода којашто треба да го претставува нивното вистинско богатство. По овој модел режисерот настојува таа содржина на филмот да ја направи што поуниверзална. Номадскиот менталитет, манифестирањето на исконската човечка потреба по трагање, опиеноста со животот и носталгичната жед по него, би требало да бидат суштинската естетска порака на овој филм.
Во овој филм бојата има доминантно психолошки карактер, бидејќи таа – оваа своја вредност ја поседува и во нивното секојдневно живеење, што убаво, и над сè функционално, го забележал и го реконструирал снимателот на овој филм Апостол Трпески.
Централната личност е собирачот и откупувач на стари предмети Таип, во толкување на Мики Манојловиќ. Наспроти него е неговата сопруга Ремзија која ја игра Катина Иванова. И двајцата тоа го реализираат со чудесно впечатлива актерска методологија, бидејќи од почеток е јасно дека желбата на Таип да го одведе своето многучлено семејство во Индија, е еден имагинарен порив, еден недофатлив сон.
Како прилог кон филмот е и невоoбичаено функционалната музичка придружба на Влатко Стефановски, а мораме да ја нагласиме и успешната соработка врз визуелната надградба на филмот на монтажерот Димитар Грбевски и, се разбира, целата актерска екипа составена делумно од професионални актери, а делумно од натуршчици. Тука, освен спомнатите, уште спаѓаат и: Тони Михајловски, Антони Заки, Данчо Чевревски, итн…
Инаку режисерот Столе Попов со овој свој филм дефинитивно се афирмира како еден од најдобрите претставници на македонската кинематографија

Краток Опис

Година на производство: 1997
Род: игран филм
Жанр: мелодрама
Техника: стандард
Колор, со звук, 35 мм.
Должина: 3.620 мет.
Времетраење: 135 мин.
Производство: „Вардар филм“ – Скопје, „Триангл“ – Скопје
Режија: Столе Попов
Сценарио: Владимир Блажевски
Соработник на сценарио: Столе Попов
Директор на фотографија: Апостол Трпески
Монтажа: Димитар Грбевски
Главни улоги: Предраг – Мики Манојловиќ, Ентони Заки, Катина Иванова, Бајрам Северџан, Тони Михајловски, Арна Шијак, Горан Додевски, Владимир Јачев, Џемаил Хасан, Данчо Чевревски
Музика: Влатко Стефановски
Сценографија: Миленко Јеремиќ
Костимографија: Небојша Липановиќ
Светло: Петар Богоевски
Продуценти: Владимир Анастасов, Игор Нола, Стојан – Столе Попов, Горјан Тозија, Данчо Чевревски

Awards

  • 1997 МФФ, Монпелје, „Златна Антигона“ – Гран При за надобар филм
  • 1997 Best Selection– European Film Academy, Berlin (top 24)
  • 1997 Најдобра Селекција– Европска Филмска Академија, Берлин (најдобри 24)
  • 1997Македонски кандидат за Оскар на Американската Филмска Академија
  • 1998 МФФ, Измир, Специјална награда на жирито

Што рекоа за филмот

„Ромите во борба за живот, над Балканскиот вулкан. .. Мики Манојловиќ, вистинска експлозија од екранот! Невозможно е да се размрси шареноликото и неверојатно клопче на расплетите, геговите, ужасите, веселбите, борбите и простувањата кои се случуваат… Долго време на екранот не сме виделе слична слика за тешкиот живот кој е всушност метафора за Балканот! Мала Македонија, огромна шлаканица!“

Gerard Mayen, Montpelier

„Сите кои ги сакаат ДОМ ЗА БЕСЕЊЕ од Емир Кустурица и ГРДИ, ВАЛКАНИ И ЛОШИ на Еторе Скола ќе го почитуваат ЏИПСИ МЕЏИК на Столе Попов. Ова е уште една екстремно интересна и трогателна приказна за некои луѓе кои живеат во гето…
Публиката наоѓа особено задоволство во среќата и лудиот хумор помеѓу овие луѓе…“

Lotta Svedberg, Cinema Stockholm

Останатите критики за Џипси Маџик


Погледни на Youtube

Сцени од филмот “Џипси Маџик“

Фотографии од филмот