Документарен филм

Филмот претставува апотеоза на човековото знаење и способноста во процесот на работата да ја потчини и насочи огнената стихија. Атрактивните секвенци, кои речиси може да се почувствуваат, во кои при огромна температура на сите страни летаат искри, на филмот му даваaт дополнителна поетска длабочина, за што, впрочем, покрај режисерот и сценарист Столе Попов, заслужен е и кинематограферот Мишо Самоиловски, кој беше повеќекратно награден за исклучително добро завршената работа на овој филм.

Година на производство: 1974
Вид: документарен филм
Техника: стандард
Колор, со звук, 35 мм.
Должина: 320 мет.
Времетраење: 12 мин.
Производство: „Вардар филм“ – Скопје
Сценарио и режија: Столе Попов
Снимател: Мишо Самоиловски
Монтажа: Драгомир Панков
Тон: Јордан Јаневски
Монтажа на тон: Јордан Јаневски
Светло: Трајче Саздовски
Асистент снимател: Драган Салковски
Избор на музика: Столе Попов
Организатор на снимање: Предраг Вељковиќ
1974 ФЈДКФ, Белград, Златен медал „Белград“ за режија на Столе Попов
1974 ФЈДКФ, Белград, Медал „Белград“ за најдобра камера на Мишо Самоиловски
1974 ФЈДКФ, Белград, Награда за најдобар филм на ТВ Белград
1974 ФФ, Тузла, Гран при „Хусински рудар“ за режија
1974 ФФ, Тузла, Награда на публиката за режија
1974 Награда „Седум секретари на СКОЈ“ за филмот
1974 МФФ, Лајпциг, Специјална диплома
1974 Награда на ТВ-ревијата „ТВ новости“ за филм на годината
1974 Југословенски кандидат за Оскар
1974 11 Октомвриска награда за камера на Мишо Самоиловски

Погледај на Youtube

Овде можете да го погледнете целиот документарен филм “Оган“ од режисерот Столе Попов. Ова е новата дигитална верзија која беше издадена во чест на “Светскиот Ден на Аудиовизуелното Наследство“ од страна на Македонска Кинотека и е дел од ДВД колекцијата од седумте дигитално реставрирани филмови на нашиот еминентен режисер Столе Попов. За оваа луксузна колекција на документарните и играните филмови на Столе Попов можете да прочитате овде.