Project Description
Документарен филм за Македонците во Австралија
Филмот го одразува животот на македонските иселеници и печалбари во Австралија. Со нивното заминување во далечната земја, во туѓина, некои од нив успешно се социјализираат, а некои, пак, постојано остануваат со дилемата за своето враќање. Преку личните, автентични сведоштва и метафоричната дескрипција на севкупниот живот во новото опкружување, изразена со мозаични филмски експресии, филмот допира многу болни точки од животот на печалбарите: макотрпната работа, едукацијата на нивните деца, носталгијата по родната земја и улогата на црквата како единствена врска со неа, црковните свечености какви што се крштавките и венчавките, но и смртта како неизбежен дел од човековото битисување.
Сепак, веројатно, најголемата вредност на филмот е во начинот на кој режисерот, во манир на голем документарист, го систематизира обемниот материјал и ја раскажува филмската приказна преку контрапунктирање на македонската традиција и австралиската реалност.


Краток Опис
Година на производство: 1976
Вид: долгометражен документарен филм
Техника: вајдскрин
Колор, со звук, 16 мм. и 35 мм.
Должина: 2.860 мет.
Времетраење: 82 мин.
Производство: „Вардар филм“ – Скопје
Режија: Столе Попов
Сценарио: Божин Павловски
Снимател: Бранко Михајловски
Монтажа: Димитар Грбевски
Музика: Ристо Аврамовски
Тон: Глигор Паковски
Монтажа на тон: Глигор Паковски
Организатор на снимање: Ристо – Риџвеј Теофиловски
Награди
- 1976 ФЈДКФ, Белград, Гранд При „Голем златен медал“ за Столе Попов
- 1976 ФФ, Тузла, Награда од публиката
- 1976 Годишна награда од списанието „Млад борец“
- 1976 Југословенски кандидат за Оскар
- 1976 13-Ноемвриска награда за тонската обработка на Глигор Паковски
Погледај на Youtube
Сцени од документарниот филм “Австралиа,Австралиа„