Музички видеа во режија на Столе Попов

Скопје

Леб и сол – мизичко видео, 1988
Grand Prix – Југословенски Видео Фестивал, Белград

Спотот на Леб и сол за композицијата посветена на Скопје. Вонвременска музика! Претпоставка – нејзиниот визуелен отпечаток можеше да биде едно здодевно панорамско отсликување на градот на Вардар. Но, визуелниот пандан на таа вонвременска музика исто така стана – вонвременски спот! Заокружена уметничка елипса! Душата на градот, душата на неговите луѓе, ритaмот на секојдневјето, вербата, надежта, љубовта – сето тоа излеано во четири минути. Треба да си мајстор, па во тој временско-музички простор да го создадеш портретот на својот град. И не случајно, во 1987 година овој спот на Фестивалот на ЈРТ-Белград ја освои највисоката награда за музички спот. А во него, во дел од секунда ќе се појави и самиот автор (впрочем, авторот на овој спот, во вистински хичкоковски манир, во сите свои филмови се појавува мигновено).

Бел Коњ

Влатко Стефановски – музичко видео, 1998
Најдоброто Македонско Видео – Скопје

Budi dobar kao sto sam ja

Маја Оџаклиева – музичко видео, 1998