Project Description

“До Балчак“ –”Приказна од дивиот исток”

[dropcap]П[/dropcap]риказна од дивиот исток. Македонија, мала земја во срцето на Балканот. Петстотини години под турско ропство. Дејствието се случува во првата декада од XX век. Филмот е сурова но романтична љубовна приказна во која вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност е видена од агол на строга индивидуалност, лишена од било каква идеологизација. Слободата, правдата, љубовта, среќата, жртвувањата и предавствата се доживеани низ катарзични емоции што допираат „до балчак”. Поточно, се е во знак на типичниот парадокс издигнат до ниво на проверената балканска филозофска максима: „Ебати животот ако не си спремен да умреш за негo”. Нешто што без никакви претензии би можеле да го наречеме „македонски допир”. Нешто вознемирувачко а мирно, ,грдо а убаво, грубо а нежно, темно а просветлено, сурово но поетично. Додека Холивуд ја дигитализира виртуелната „стварност” спуштајќи се длабоко во океаните или качувајќи се високо во вселената, ние Балканците сеуште се качуваме до висините на утопискиот идеал – Слободата или се спуштаме до крајната длабочина на човечката душа – Смртта. Антиподите на моето синеастичко раѓање се движат „до коска” на релацијата „Слобода или Смрт”. Сонувајќи за недопирливиот идеал на слободата, историски потврден како вечна слатка илузија на човековиот род, постојано чекориме рака под рака со смртта, со која, зошто да не, можеби и започнува вистинската слобода како посакувана, се уште непотврдена вест. Обичниот човек насекаде во светот, потиснат од насилство и неправди постојано сонувал и сонува за подобар свет. Живееме во високо технолошка ера каде навидум се е потполно различно, а во суштина се е фрапантно исто. Историјата постојано циклично се преповторува, минатото станува апсолутно актуелно и зачудувачки препознатливо и во денешни денови. Империите се создаваат и се распаѓаат, идеологиите се креираат и се менуваат, големите си поигруваат со малите, силните ги толчат слабите, сила бога не моли, но буните, востанијата и револуциите отсекогаш ги имало и повторно ќе ги има. Исконското чувство за слобода е неуништливо и го движи светот напред. Ова е филм за дијалектичката средба на митското со антимитското, филм во којшто се среќаваат легендите и раскажувањата со реалната стварност на суровиот живот, низ македонската историја исполнет со супер историски апсурди. Антивестерн, пандан на традиционалниот Амerican Western или нешто што слободно би можеле да го наречеме Маcedonian Eastern, филм што излегува од просторот на кој од памтивек се среќаваат и судираат западната и источната цивилизација..

Краток опис

Година: 2014
Категорија: Драма, акција, историја
Колор со звук: Dolby Digital
Време траење: 165min.
Режија&ко-сценарист: Столе Попов
Сценарио: Горан Стефановски
Директор на Фотографија:Апостол Трпески
Музика: Дуке Бојаџиев
Дизајн на продукција: Миленко Јеремиќ
Костимографија: Емилија Ивановска
Продуценти:
Данчо Чевревски
Миливое Ѓорѓевиќ
Продукција: TRIANGLE FILM
Ко-продукција:
„Fx3x“
Sector Film

Улоги

Тереза Инти Срај
Крсто Сашко Коцев
Фиља Мартин Јордановски
Музафер Тони Михајловски
Ана Искра Ветерова
Боро Сенко Велинов
Богдан Мики Манојловиќ
Агент Никола Којо
Цветко Никола Ристановски
Шише Драган Спасов-Дац
Kaval Gorazd Cvetkovski

“До Балчак“ –”Приказна од дивиот исток”

До Балчак–Филмски Фестивали и награди

Меѓународни фестивали: Прага (Чешка), Сараево (Босна), Мунчен (Германија), Блакнан нов филмски фестивал – Малме, Стокхолм (Шведска), Битола (Македонија),

Награди

  • Награда на публиката за најдобар филм на Balkan New Film Festival  (Stockholm, Malmo, Sweden 2016)

  • Најдобра женска улога  –  Инти Шрај(LIFFE, Serbia)

  • Номиниран за Македонски Кандидат за Оскар

Галерија на слики од филмот