Роналд Холвеј, Hollywood Reporter, САД
„Во овој момент верувам во Столе Попов и во Емир Кустурица. Тоа произлегува од мојата склоност кон филмовите кои имаат фуриозен карактер, кои се врзани за човековите страсти, како што се нивните филмови. Мислам на ЦРВЕНИОТ КОЊ, на ДОЛИ БЕЛ, на ТАТКО НА СЛУЖБЕН ПАТ“.
Живоин Павловиќ, Интервју, Белград
„ЦРВЕНИОТ КОЊ е епска повест за националниот морал, или подобро кажано, за моралот на националниот идентитет, тоа е драма на една колективна свест, кој знае по кој пат искушувана и потврдувана.“
Ацо Штака, Ослобођење, Сараево
„Филмот ЦРВЕНИОТ КОЊ на Столе Попов ја дише силата на една античка драма, сликите на широки пејсажи, разочарани луѓе, кои се кријат во акохолни опиени состојби и животни лаги, го документираат долгиот трагичен животен пат на еден дезилузиониран човек.“
Ото Раитер, Виенале 93, Виена
„ЦРВЕНИОТ КОЊ е жесток филм за егзилот, во режија на Столе Попов… Со голема уверливост Бата Живоиновиќ игра херојски партизански борец кој обесхрабрен се откажува од сè, со цел да се врати дома, но само за да најде туѓа земја каде што повеќе не припаѓа.“
Линда Грос, LA Times, Лос Ангелес
Милош Форман, САД, Вјесник, Загреб
„СРЕЌНА НОВА ’49 е моќна љубовна приказна која ја истражува лојалноста во лоши времиња. Претставува сурова, обесхрабрувачка приказна обоена со самоубиство, насилство, измама и тага…
Нема ништо црно и бело во визуелизацијата на Попов на овој период од југословенската историја… Иако е долг над два часа, филмот – неочекувано – никогаш не забавува…“
Variety, САД
„Го ценам Столе Попов, кој, според мене, е на самиот врв на авторски режисери не само во Македонија или на Балканот туку со сигурност и во Европа.“
Светозар Цветковиќ, Дневник, Скопје
„СРЕЌНА НОВА ‘49, е веројатно едно од најдобрите филмски достигнувања на македонскиот филм во целата негова историја. Во филмот на Столе Попов најзачудувачка е токму таа темна сила, која се втурнува во животот на невините луѓе. Таа сила ги крши семејствата, пика страв и од најблиските, вбризгува недоверба, присилува да ги предаваш другарите, да се откажеш од самиот себе си, од своите принципи, од сè она што ја прави личноста, индивидуалноста, судбината.“
Мирон Черњенко, Москва
„Комбинацијата режија, сценарио, актерска игра и фотографија, го направи филмот СРЕЌНА НОВА ‘49 пресвртна точка во југословенскиот филм, како и маестрално дело на македонската кинематографија…“
Роналд Холовеј, САД
„Солидното сценарио, мајсторската режија и вештото, но не пренагласено отфрлање на табуата го прават СРЕЌНА НОВА ‘49 достигнување на кое француските дистрибутери треба да му обратат внимание!“
Рафаел Бесан, Liberation, Париз
„Филмот СРЕЌНА НОВА ‘49 на Столе Попов e нов пристап кон еден значаен феномен кој го третира субјектот искрено, интензивно со многу страст и вкус…“
Ранко Мунитиќ, „Дуга“, Белград
„Во ТЕТОВИРАЊЕ, сместен во време на падот на комунизмот во Југославија, Попов користи затвор за да ја прикаже состојбата на општеството. Филмот го прикажува ‘беспрекорното’ функционирање на апсурдот на репресијата и насилството.“
Тајм, Њујорк
„Попов ја води оваа брутална приказна за социјална репресија, зло и садизам меѓу луѓето во за него карактеристичен стил. Во исто време, тој се докажува себеси како врвен мајстор за конфликти и насилство… Со овој филм Столе Попов цврсто се воспостави како еден од водечките филмски автори на Балканот.“
Јасмин Дураковиќ, Ослобођење, Сараево
„Едноставно зачудувачки е со каква природност и подготвеност, колку решително и неповратно, занесно и бескомпромисно, македонскиот филм им одговара на предизвиците на времето, на радикалните промени во животот на својата земја и на својот народ.
Вжештеноста на омразата и очајот, напросто ја распоруваат едноставната приказна на ТЕТОВИРАЊЕ, кој за македонската филмска уметност се покажа еднакво важен и суштествен.“
Мирон Черњенко, Москва
„И подоцна, кога од независното жири на ТЕТОВИРАЊЕ му беше доделена Номинацијата за европски филм на годината, Грчката влада бараше нејзино повлекување, преку член на Европската филмска академија – но Академијата не презеде ништо и филмот остана во трката без ограничување во акцентирањето на националниот идентитет. Резултат: македонскиот филм сега стана познат во светски рамки.“
Роналд Холовеј, The Hollywood Reporter, САД
„Апокалиптичен пад во ТЕТОВИРАЊЕ на Столе Попов.
Атмосферата на уништување е драматично, апокалиптично и кинематографски прикажана во ТЕТОВИРАЊЕ… Изведба достојна за Оскар имаше Мето Јовановски, кој го играше главниот лик, Илко…“
Милан Влајчиќ, Политика, Белград
Жерар Мајен, Монтпелије
„Сите кои ги сакаат ДОМ ЗА БЕСЕЊЕ од Емир Кустурица и ГРДИ, ВАЛКАНИ И ЛОШИ на Еторе Скола ќе го почитуваат ЏИПСИ МЕЏИК на Столе Попов. Ова е уште една екстремно интересна и трогателна приказна за некои луѓе кои живеат во гето…
Публиката наоѓа особено задоволство во среќата и лудиот хумор помеѓу овие луѓе…“
Лота Сведберг, Cinema Stockholm, Стокхолм
„ЏИПСИ МЕЏИК од Македонија е слаткогорка тргикомедија со апсурдни моменти од животот на циганите во средиштето на збрката на распаднатиот Балкан. Попов во својот филм има и се добро спакувано: љубов и смрт, насилство и сиромаштија, измама и пријателство, соништа и надеж, но без сентименталитет и модерно брборење.“
Роналд Холовеј, Die Rheinpfalz, Берлин
„Режисерот Столе Попов ја развива приказната околу циганите со нивниот прекрасен колорит, но неговиот универзален предмет на интерес се угнетените, заборавени херои на улицата, за кои дознаваме само од вестите и некролозите…“
Летвиа М. Арза- Кодерич, The San Juan Star, Порторико
„Столе Попов за мене е голем уметник, човек со космополитски поглед на светот и животот, со големо искуство, кому му е јасна технологијата на филмот…“
Влатко Стефановски, Фокус, Скопје
„Во улогата на Мики Манојловиќ, Таип ја претставува природната сила чија гигантска енергија е поделена подеднакво помеѓу насилството и фантазијата…“
Реј Конлоџ, Канада
„Раскажувајќи за пиењето и клокотењето и за плачењето и бедата на циганскиот живот, последниот филм на Столе Попов, ЏИПСИ МЕЏИК, ги вози гледачите на ролеркостер од бруталност и убавина, истражувајќи ги бледите врски помеѓу животот и смртта.“
Мери А. Демпси, САД
Филмот„До Балчак“ беше снимен од режисерот Столе Попов, еден од најзначајните режисери на поранешна Југославија, по седумнаесетгодишна пауза. Само името не може да биде гаранција за квалитет, но со филмот До Балчак, Попов потврди дека му припаѓал на Златниот фонд на Балканската кинематографија онолку колку што е со неговите претходни дела Тетовирање, Среќна Нова 49 или Циганска магија. Филмот привлекува внимание со невообичаено богат сет и убедливи актерски претстави. Ги поврзува навидум непомирливото – македонската борба за ослободување од турското владеење од почетокот на 20 век и нетрадиционалната љубовна приказна, сите претставени во атрактивен, западен стил. Попов се приближи до сериозната историска тема со изненадувачка леснотија и успеа да направи многу забавен филм.
Милан Костелник: директор на Балканфилм, Чешка