Џипси Маџик – Игран филм

Примарниот впечаток е дека во овој филм е направен обид да се прикаже вистинската положба на Ромите, кај кои материјалната беда стои веднаш наспроти психолошката слобода којашто треба да го претставува нивното вистинско богатство. По овој модел режисерот настојува таа содржина на филмот да ја направи што поуниверзална. Номадскиот менталитет, манифестирањето на исконската човечка потреба по трагање, опиеноста со животот и носталгичната жед по него, би требало да бидат суштинската естетска порака на овој филм.
Во овој филм бојата има доминантно психолошки карактер, бидејќи таа – оваа своја вредност ја поседува и во нивното секојдневно живеење, што убаво, и над сè функционално, го забележал и го реконструирал снимателот на овој филм Апостол Трпески.
Централната личност е собирачот и откупувач на стари предмети Таип, во толкување на Мики Манојловиќ. Наспроти него е неговата сопруга Ремзија која ја игра Катина Иванова. И двајцата тоа го реализираат со чудесно впечатлива актерска методологија, бидејќи од почеток е јасно дека желбата на Таип да го одведе своето многучлено семејство во Индија, е еден имагинарен порив, еден недофатлив сон.
Како прилог кон филмот е и невоoбичаено функционалната музичка придружба на Влатко Стефановски, а мораме да ја нагласиме и успешната соработка врз визуелната надградба на филмот на монтажерот Димитар Грбевски и, се разбира, целата актерска екипа составена делумно од професионални актери, а делумно од натуршчици. Тука, освен спомнатите, уште спаѓаат и: Тони Михајловски, Антони Заки, Данчо Чевревски, итн…
Инаку режисерот Столе Попов со овој свој филм дефинитивно се афирмира како еден од најдобрите претставници на македонската кинематографија.

Краток Опис

Година на производство: 1997
Род: игран филм
Жанр: мелодрама
Техника: стандард
Колор, со звук, 35 мм.
Должина: 3.620 мет.
Времетраење: 135 мин.
Производство: „Вардар филм“ – Скопје, „Триангл“ – Скопје
Режија: Столе Попов
Сценарио: Владимир Блажевски
Соработник на сценарио: Столе Попов
Директор на фотографија: Апостол Трпески
Монтажа: Димитар Грбевски
Главни улоги: Предраг – Мики Манојловиќ, Ентони Заки, Катина Иванова, Бајрам Северџан, Тони Михајловски, Арна Шијак, Горан Додевски, Владимир Јачев, Џемаил Хасан, Данчо Чевревски
Музика: Влатко Стефановски
Сценографија: Миленко Јеремиќ
Костимографија: Небојша Липановиќ
Светло: Петар Богоевски
Продуценти: Владимир Анастасов, Игор Нола, Стојан – Столе Попов, Горјан Тозија, Данчо Чевревски

Награди

  • 1997 МФФ, Монпелје, „Златна Антигона“ – Гран При за надобар филм
  • 1997 Најдобра Селекција– Европска Филмска Академија, Берлин (најдобри 24)
  • 1997 Македонски кандидат за Оскар
  • Montreal World Film Festival -Nomination for Grand Prix des Ameriques

  • Stockholm international film festival – Nomination for The Bronze Horse

  • 2016 NANCY LORRAINE Film Festival, Prix coup de coeur du public
    Sous les étoiles

Што рекоа за филмот

„Сите кои ги сакаат ДОМ ЗА БЕСЕЊЕ од Емир Кустурица и ГРДИ, ВАЛКАНИ И ЛОШИ на Еторе Скола ќе го почитуваат ЏИПСИ МЕЏИК на Столе Попов. Ова е уште една екстремно интересна и трогателна приказна за некои луѓе кои живеат во гето…
Публиката наоѓа особено задоволство во среќата и лудиот хумор помеѓу овие луѓе…“

Lotta Svedberg, Cinema, Stockholm
„Ромите во борба за живот, над Балканскиот вулкан. .. Мики Манојловиќ, вистинска експлозија од екранот! Невозможно е да се размрси шареноликото и неверојатно клопче на расплетите, геговите, ужасите, веселбите, борбите и простувањата кои се случуваат… Долго време на екранот не сме виделе слична слика за тешкиот живот кој е всушност метафора за Балканот! Мала Македонија, огромна шлаканица!“
Gerard Mayen, Montpelier

„Режисерот Столе Попов ја развива приказната околу циганите со нивниот прекрасен колорит, но неговиот универзален предмет на интерес се угнетените, заборавени херои на улицата, за кои дознаваме само од вестите и некролозите…“

Letvia M. Arza-Goderich, The San Juan Star, Puerto Rico
„Столе Попов за мене е голем уметник, човек со космополитски поглед на светот и животот, со големо искуство, кому му е јасна технологијата на филмот…“
Vlatko Stefanovski, Skopje
„Во улогата на Мики Манојловиќ, Таип ја претставува природната сила чија гигантска енергија е поделена подеднакво помеѓу насилството и фантазијата…“
Ray Conlogue, Montreal
„Раскажувајќи за пиењето и клокотењето и за плачењето и бедата на циганскиот живот, последниот филм на Столе Попов, ЏИПСИ МЕЏИК, ги вози гледачите на ролеркостер од бруталност и убавина, истражувајќи ги бледите врски помеѓу животот и смртта.“
Mary A. Dempsey, USA

Времето на Циганите (Time of the Gypsies) на Кустурица на некој начин ја заклучува историјата на обединетата југословенска кинематографија. Во следните времиња, за време на судирите во Хрватска и Босна, пост-југословенската кинематографија на републиките стана помалку или повеќе преокупирана со нивниот сопствен опстанок. Така, сликата на Ромите исчезна од екранот. Сепак, невидливоста на Ромите на филмското платно на Западен Балкан не траеше долго. Наскоро откако се воспостави мирот во Хрватска и Босна на крајот на 1995 година, киното „Пост-Југословенската кинематографија“ сними два наградувани филма за Ромите.
Првата, Џипси Маџик (Попов 1997), дојде од Македонија. Кустурица ги направи Црна Мака, Бели Мачор / Црна мачка, Белата мачка (1998) во Србија. Црната мачка, Белата мачка ја имаше својата светска премиера на филмскиот фестивал во Венеција каде Кустурица ја освои наградата за најдобра режија. Една година порано, во 1997 година, Џипси Маџик имаше премиера на Светскиот филмски фестивал во Монтреал. Филмот беше номиниран за Гран-при des Ameriques. Тоа што Gypsy Magic го пропушти таму, го надокнади неколку месеци подоцна, за време на Медитеранскиот филмски фестивал во Монпелје, каде го освои Гран-при Антигон Д’Оро за најдобар филм. Се чинеше дека фокусот на Ромите се врати во полн ек. И европските фестивалски кругови и режисерите од поранешна Југославија продолжуваат да гледаат и прават филмски наративи за Ромите кои живеат во Западен Балкан.

Погледај на Youtube

Festival international du film
NANCY LORRAINE 2016

Фотографии од филмот