Документарен филм

Дае(Мајка) е филм во кој на поетски начин се портретира животот на едни од последните Роми-номади. Тој изобилува со многустрана иконографија како извор на инкарнација на романтичното разбирање на животот без огради. Оваа поетска визија за животот на последните номади е снимена во автентичниот амбиент на чергарската населба спроти празнувањето на најголемиот ромски празник. Како атавистички обележја на нивните верувања, во кои спаѓа и ритуалното капење како симболично пречистување и причест на душата и телото, мистеријата на раѓањето и дочекувањето на новиот живот, па сè до желбата за живот без стеги, презентирана низ метафората на бесниот галоп на коњите, тие атакуваат врз сетилата на гледачот и не го оставаат рамнодушен по гледањето на филмот.

Година на производство: 1979
Вид: документарен филм
Техника: стандард
Колор, со звук, 35 мм.
Должина: 460 мет.
Времетраење: 16 мин.
Производство: „Вардар филм“ – Скопје
Режија: Столе Попов
Сценарио: Анте Поповски
Снимател: Мишо Самоиловски
Монтажа: Димитар Грбевски
Тон: Глигор Паковски
Монтажа на тон: Глигор Паковски
Асистент снимател: Владимир Самоиловски
Избор на музика: Столе Попов
Организатор на снимање: Ристо – Риџвеј Теофиловски
1979 ФЈДКФ, Белград, „Златен медал Београд“ за режија на документарен филм на Столе Попов
1979 ФЈДКФ, Белград, „Златен медал Београд“ за најдобра камера на Мишо Самоиловски
1979 МФФ,Оберхаузен, Grand Prix
1979 МФФ, Мелбурн, Специјална награда на жирито
1979 МФФ, Лајпциг, Специјална награда на жирито
1979 Балкански филмски фестивал, Љубљана, Grand Prix,
1980 МФФ, Лондон, Специјална диплома
1980 Лос Анџелес, Номинација за Оскар, меѓу петте најдобри документарни филмови
Отава, Најдобра Светска Селекција (најдобри 3)

Погледај на Youtube

Овде можете да го погледнете целиот документарен филм “ДАЕ“ од режисерот Столе Попов. Ова е новата дигитална верзија која беше издадена во чест на “Светскиот Ден на Аудиовизуелното Наследство“ од страна на Македонска Кинотека и е дел од ДВД колекцијата од седумте дигитално реставрирани филмови на нашиот еминентен режисер Столе Попов. За оваа луксузна колекција на документарните и играните филмови на Столе Попов можете да прочитате овде.

Попов потекнува од семејство на филмски уметници. Неговиот татко Трајче Попов беше еден од пионерите на филмското творештво во Македонија (Јорданова 2006, стр. 208). И покрај неговата врска со македонско-словенската национална класа, со Циганското волшебство Попов не влезе во тотално непозната уметничка / етнографска територија. Речиси две децении порано, во 1979 година, Попов го направи Дае / Мајка – краток експериментален документарен филм за ромски клан кој слави раѓање на новороденче.
И европската фестивалска уметничка сцена и Холивуд го најдоа Дае / Мајка прекрасно парче филмско творештво. Покрај официјалното признание низ поранешните југословенски и европски филмски кругови, во 1980 година, Дае беше официјален кандидат на Југославија за наградата Оскар. Освен тоа, начинот на кој Попов го сними ромското славење на десетиот ден од Ѓурѓовден во филмот “Дае„ имаше силно влијание врз Кустурица. Според Јорданова (2006, стр. 209), Кустурица ја поставил и ја снимал клучната сцена во неговиот филм “Дом за Вешање „ -прославата на денот Ѓурѓовден“, директно поттикнувана од начинот на којшто ја снимил Попов во неговиот мулти-награден документарен филм.